Погодокот на Џејмс Родгригез за Колумбија против Уругвај на Мундијалот во Бразил е прогласен за најубав погодок за 2014 година.
– Тој погодок многу ми значи и на еден начин ми ги отвори вратите во фудбалот. Им благодарам многу на сите кои го дадоа гласот за мене – рече Родригез.
Во трката за наградата „Ференц Пушкаш“, Колумбиецот ги совлада Роби ван Перси и Стефание Роче.
Мх.П.