Под мотото ,,БОМБОНАТА Е ПОСЛАТКА ОД ДРОГАТА,, Младински Совет Охрид – МСО  го одбележа 26 јуни, меѓународниот ден за борба против дрогата.


Волонтери на МСО, членови на групата за здравство и превнција, поддржани од волонтери од програмата за превенција од психоактивни супстанции, изработија „слатки“ картички со пораки и организирано  со бродот „КАНЕО“ ги посетија охридските плажи каде на посетителите им делеа флаери со едукативна содржина и картички со бомбончиња.


Младински Совет Охрид континуирано, во текот на целата година, спроведува активности со што дава придонес во превентивното делување против девијантните појави.

OhridNews