Минатиот месец Џон Бон Џови го пвредил коленото на концерт во Финска и ги истегнал лигаментите. Се надевал на брзо закрепнување, вежбал и се движел со помош на патерици. Но, по концертот во Даблин, Џоно Бон Џови се пријавил во локалната болница и бил задржан на операција на коленото.


Тој изјавил дека за среќа пред себе имал неколку слободни денови, а неговиот лекар му рекол дека ќе биде добро до концертот во Истамбул, каде на фановите им ветил голем концертен спектакл.