Екипата на Јувентус им се придружи на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен успевајќи да ја елиминира Барселона во нокаут фаза во Лигата на Шампиони без да прими гол во двата натпревари.
„Старата дама“ на Камп Ноу ремизирајќи без голови 0-0 ја задржа предноста од првиот натпревар во Торино кој го доби со 3-0. Ждрепката за полуфиналните двојки е в петок, а дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи нема некоја посебна желба.
– Направивме се како што треба во двомечот со Барселона и навистина уживаме во нашиот успех. На Барселона и дадовме три гола, не примивме ниту еден, а тоа не е мала работа. Во ждрепката не посакувам никој, туку сега се сменија работите никој не го посакува Јувентус за противник. – изјави Бонучи.
Дефанзивецот после завршување на мечот го смени дресот со Лионел Меси за кого навива неговиот син.
OhridNews