Помпезно најавената трампа помеѓу Јувентус и Милан се оствари. Во Торино после година дена се врати Леонардо Бонучи, додека во правец за Милано заминаа Гонзало Игуаин и дефанзивецот Матија Калдара.

  • Добро расположен сум после трансферот во Милан. Разговарав со Гатузо и тој ми откри дел од плановите. – изјави Игуаин после пристигнувањето во Милан.

Игуаин во две сезони поминати во Јувентус настапи на 105 натпревари и постигна 55 голови. Бонучи од се уште од неразјаснати причини минатата сезона замина од Торино и за 40 милиони евра се пресели во Милан.

Серија А ќе биде возбудлива и атрактивна за гледање, бидејќи редовите ги засилија Интер и Рома, кои, сигурно ќе атакуваат на висок пласман на табелата.

OhridNews