Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи ќе го пропушти дерби дуелот со Јувентус во Серија А, откако дисциплинската комисија го суспендираше два натпревари за црвениот картон на средбата со Џенова на „Сан Сиро“.

Сите со нетрпение го очекуваа дербито Милан – Јувентус за средбата на Бонучи со старите соиграчи и тренерот Масимилијано Алегри. Дефанзивецот од редовите на „старата дама“ за 40 милиони евра се пресели во тимот на „росонерите“ и ја разбранува Италија.

Вториот жолт, автомаски црвен картон италијанскиот репрезентативец го доби за намерно удирање со лакот на противнички фудбалер. „Росонерите“ ремизираа со Џенова 0-0, а Бонучи беше осуден за инцидентот кој се случи во првиот дел.

Милан после девет мечеви во „калчото“ се наоѓа на 11-та позиција, додека Јувентус котира на третото место со три бодови дефицит во односн на лидерот Наполи.

OhridNews