Битолските „зелено белите“ со дерби средбата во Охрид ќе ја заокружат првата етапа во Супер лигата. Ракометарите на Охрид и Пелистер со идентичен скор и амбиции ќе влезат во пресмеката која е закажана за утре (среда) со почеток во 19 часот.

  • Цела недела напорно се подготвуваме за мечот со Охрид со кој ја делиме втората позиција на табелата. Сите знаеме дека тешко е да се игра во Охрид, бидејќи публиката и навивачите прават одлична атмосфера. Јас верувам во моите соиграчи и мислам секој ќе даде максимум на дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“. – изјави ракометарот на Пелистер, Борјан Маџоски.

Борјан Маџовски повеќе години го носи зелено-белиот дрес и знае како е на гостински паркет посебно на терен како Охрид и екипа која е составена од младост и искуство . За тоа што очекува младиот бек од натпреварот утре со почеток од 19 часот во продолжение . ��#РКПЕЛИСТЕР

Geplaatst door Pelister Handball Club Bitola – РК Пелистер op Dinsdag 13 november 2018

На домашните мечеви на охридскиот ракометен клуб има најмногу публика во Супер лигата, а максимумот достигнат беше во „езерското“ дерби со Струга, кога голем број на љубители на ракометот останаа пред салата.

OhridNews