Кој последен се смее, најслатко се смее. Во овој случај тоа е државата Казахстан. После филмот „Борат“ во кој Саша Барон Коен (познат и како Али Џи) ги исмејува жителите на оваа држава,  забележан е пораст на бројот на туристи. Туристи се „забрале“ во оваа средноазиска држава за од прва рака да видат на што се смеел светот.

Спрема една анкета, од премиерата на филмот минатата година, илјадници патници ширум светот го наведуваат Казахстан како дестинација која „мора да се види“ во 2007 година. Националната авио-компанија Аир Астана додаде уште редовни линии од Англија, а се повеќе меѓународни хотелски синџири отвораат луксузни хотели во градовите Алмати и Астана.


Деветтата по големина земја на светот до неодамна немала туристи. Државните лидери сакаа да го тужат „Борат“ за наштетување на угледот, но сега полека го менуваат мислењето затоа што интересот за сместување во Казахстан пораснал за 300 насто. Освен тоа се зголемил и интересот за бизнис и странски вложувања во оваа со нафта богата земја.

Иако бројни Казахстанци биле навредени од содржината на филмот, сепак би можеле да му заблагодарат на Борат заради кого нивната земја би можела да напредува и да постане туристичка атракција.

Веројатно мислите исто што и ние. Нека сними Борат филм и за Македонија.

(NaМ)

С. Костоски