Поминаа скоро две години од страотната несреќа на Михаел Шумахер при скијање во Франција. По несреќата Шумахер три месеци беше во вештачка кома додека врвни доктори се грижеа за неговото здравје.


Неговото лекување по отпуштањето од болница продолжи во неговиот дом во Швајцарија, но до сега никој јавно нема соопштено до каде е опоравувањето на седумкратниот Формула 1 првак.

Претседателот на ФИА, Жан Тод кој е некогашен клупски колега со Шумахер од славните денови во Ферари откри мали детали дека борбата на Германецот продолжува.

– Го посетувам Шумахер често и можам да да заклучам дека тој мора да продолжи да се бори за својот живот. Сите мора да го поддржиме во најтешките мигови во неговиот живот за да го видиме оној стариот Шумахер. – рече Тод.

Според последните информации Шумахер поради сериозноста на повредите користи инвалидска количка, но се исклучува можноста тој да остане инвалид.

Ohridnews