Без голови 0-0 заврши меѓународната контрола на Металруг и акутелниот куп освојувач на Косово Хиси.  На претпоследниот тест меч во Охрид, Тасески се одлучи да им даде можност да на играчите кои се во втор план и преку контролите ќе треба да го убедат стратегот дека заслужуваат место меѓу стартните единаесетмина.


Тешкиот терен и студеното време не одеа во прилог на актерите кои не прикажаа допадлив фудбал, но затоа пак не недостигаше борбата и мотивираноста да се победи противникот. Најубавите прилки во вториот дел ги имаа Ејупи и младиот Симоновски, но не успеаа да ја затресат противничката мрежа.


–    Задоволни сме од прикажаното, одигравм е доста добар меч во кој имаше доста трчање, и на реалтивно тешкиот терен фудбалерите одиграа добро. На овај меч се одлучивме да играат млади фудбалери кои го дадоа својот максимум, единствено што недостигаше на мечот беа погодоците – рече спортскиот директор на клубот Никола Ѓошевски.


Металург утре на пладне ќе ја одигра последната контрла во Охрид и тоа против лидерот во второлигашката конкуреција.

М.П.