
Иако се најавуваше дека за претседател на комисијата ќе биде назначен странец, двете партии постигнале компромис тоа да биде домашен експерт.
„Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста“.-се вели во партиските соопштенија.
Партиите очекуваат Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани, што ќе придонесе за нормализирање на политичкиот дијалог во земјата и ќе го поттикне евроинтегративниот процес.











