Екипата на Борец со минимални (1-0) го совлада составот на Струга Трим Лум, додека без победник (1-1) заврши мечот помеѓу Лабуништа и штипска Брегалница кои се одиграа во рамките од подготвителните натпревари во Охрид и Струга.

Фудбалерите на Борец голот за победа во пресметката на есенските шампиони од источната и западната Втората лига го постигнаа на стартот од второто полувреме. Домашните фудбалери до крајот не погодија иако ја имаа иницијативата на теренот од градскиот стадион во Струга.

Тимот на Лабуништа со погодокот на Бојан Спикорски извлече реми на мечот со Брегалница од Штип во Охрид. „Сините“ поведоа преку Лазар Илиев но не успеаја да го задржат водството.

Контролните мечеви во Охрид и Струга ќе продолжат неделава.

OhridNews