Екипата на Борец со победа над директниот конкурент Прилеп (41-39) на една рунда од крајот на регуларниот дел во Супер лигата ги разреши дилемите околу патниците во плејофот.


Тимот од Велес со триумфот против Прилеп во меч со вкупно 80 голови ја осигура четвртата позиција на табелата која последна води во разигрувањето за титулата.

Четвртопласираниот Борец им се придружи на Охрид, Пелистер и Еурофарм Работник кои претходно обезбедија пласман во елитното друштво кое го заокружуваат Вардар и Металург.

Резултати: Работнички – Радовиш 21-32, Борец – Прилеп 41-39, Охрид – Пролет 34-22, Металург 2 – Пелистер 24-35, Вардар Јуниор – Еурофарм Работник.

Табела: Охрид 40, Пелистер 40, Еурофарм Работник 34 (-1), Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.

Двојки 18.коло: Радовиш – Охрид, Пелистер – Вардар Јуниор, Прилеп – Металург 2, Еурофарм Работник – Работнички, Пролет – Борец.

Фото: Архива
OhridNews