Борис Дамовски, Владо Јовановски и уште четворица други во куќен притвор
29.11.17 15:48
Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица. Како што соопшти судот, по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија со кои на М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им определи мерка куќен притвор, пренесува „Макфакс“.
Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.
За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до претседателот на Собранието на РМ, додека за другите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сè уште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, а цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува одлу...
На 11012026 во 11:36 часот во ОВР Струга е пријавено дека во куќа во Струга е пронајдена почината 77-годишната жена од Струга, а лекар од Итната медицинска помош Струга констатирал смрт Извршен е у...
Во 2025 година, Меѓународниот аеродром Скопje и аеродромот Св Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Аеродроми, заедно опслужија 3,5 милиони патници, што претставува зголемување од 9% на годишно ни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.