Денес Државната изборна комисија останува без претседател откако денес Борис Кондарко поднесе оставка на функцијата претседател.

Како што се наведува во соопштението до медиумите, во оставката која била поднесена до Собранието на република Македонија, Кондарко бара на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот.

– Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам заради лични причини, наведува претседателот на Државната изборна комисија.

Оставката на Кондарко пред неколку дена беше најавена и од страна на  претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој изјави дека сеуште актуелниот претседател на ДИК, нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК немало мнозинство.

OhridNews