Секогаш може подобро, но јас сум задоволен од стартот на сезоната на ГРК Охрид со оглед на распоредот и повредите со кои се соочуваме, изјави тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ во Спорт + на Охридњуз.
Почнавме да носиме бодови од гостувањата кај најсилните екипи што не беше случај до сега, но треба да бидеме реални, Пелистер и Вардар имаат сериозни екипи од рангот на Лига на шампиони и во моментов се пред пред нас. Ние штотуку почнавме да го градиме нашиот проект, имаме простор за напредок и со подобрување на квалитетот на екипата сигурен сум дека во наредните три години ќе дојдат и трофеите, вели Ројевиќ.
Пред ГРК Охрид е двомечот од 2 коло од ЕХФ Европскиот куп со Баки од Азербејџан кој се игра претстојниот викенд во салата „Билјанини извори“. Противникот е непознат, но шефот на стручниот штаб смета дека Охрид има квалитет да ја продолжи европската приказна.
Со Ројевиќ отворено разговараме за актуелните состојби во ГРК Охрид, првенството, плановите, заминувањето на Гал Цирар и состојбата на повредените Јотиќ и Орјоникидѕе.
Г.М.