Стручниот штаб на Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во името на Борислав Ѓаковиќ доби нов соработник. Искусниот 71-годишен стратег има пофални зборови за „галебите“ кои пред недела дена ги започнаа подготовките за втората полусезона во Првата лига.

  • Луѓето од Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги познавам од порано и пречекан сум инзвондредно. Работата на теренот со играчите добро ми доаѓа и ме освежува. Кошаркарите се млади но се многу вредни и концетрирани. Желни се да научат и да напредуваат во кариерата. Им реков дека само тренинг може да се напредне, а до сега сите одработуваат максимално добро. – изјави Борислав Ѓаковиќ.

Ѓаковиќ најголемиот успех во тренерската кариера го има направено со белградски Партизан победувајќи во најквалитетната лига во Србија и Црна Гора.

Охридските кошаркари првата етата во елитата ја завршија на осмата позиција со скор од три победи и седум порази. Сезоната ќе продолжи следниот викенд, а охриѓани гостуваат кај актуелниот шампион Работнички.

OhridNews