Македонскиот репрезентативен чувар Борко Ристовски прогласен е за најдобар голман во првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
Ристовски со десет интервенции одигра клучна улога во триумфот на неговата екипа Рајн Некар Ловен на гостувањето во Загреб.
Една од десетте одбрани на Ристовски е на четвртата позиција во изборот на најдобрите пет од првите осминафинални мечеви.
Ривалот на Вардар во осминафиналето Висла има два голови меѓу најдобрите пет од кој еден е изедначувачкиот во последните мигови од натпреварот.
Тимот на колото: Уве Геншајмер (лево крило), Михаел Јурецки (лев бек), Марко Тарабокија (среден бек), Јохан Јакобсон (десен бек), Златко Хорват (десно крило), Ренато Сулиќ (пикер), Борко Ристовски (голман).
Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете ТУКА.
Најдобрите пет голови можете да ги погледнете ТУКА.
OhridNews