По повод „18ти АВГУСТ – Денот на АРМ“ Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца организираше свечен собир во кругот на просториите на Сојузот во Охрид. ШПретѕходно делегација на здружението положи свежо цвеќе на паметникот во спомен паркот на Револуцијата.
Во присуство на околу стотина гости, членови на Сојузот на борци, учесници во НОБ, продолжувачи на светлите традиции од НОБ, гости од Струга, од општинскиот сојуз на пензионери и други, за знечењето на празникот зборуваше претседателот на Сојузот Гоце Георгиески.
Правејќи ретроспектива на настаните од минатото, тој рече дека кон нив мораше секојдневно да се навраќаме, да зборуваме за ужасите на војната, за оние 26.000 борци кои ги положија своите млади животи за денешнава слобода. „Тоа мораше да го правиме, да спомнуваме за да не се заборават тие несреќи, со цел да не се повторат“, истакна Ѓорѓиевски.
Оваа година од објективни причини, поради големи оштетувања на патот за Славеј Планина, прославата не се одржа на спомен обележјето од НОВ, но идната година – јубилејната прослава ќе ја одбележиме на истото место каде и се формираше Батаљонот „Мирче Ацев“, информираа од Сојуз на борци од НОАВМ – Охрид, Дебрца.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com