
Пријавениот во текот на јануари 2017 година на својот фејсбук профил објавил лажна страница со назив „Vize pune per Europ“, на која се преставил како посредувач-вработен во агенција за посредување за добивање на швајцарска виза и оставил телефонски број за контакт преку апликацијата „WhatsApp“. Набрзо, на посочениот број му се јавил 23-годишен жител од Поградец, Република Албанија по што на почетокот на минатиот месец дошло до нивна средба во Струга. Притоа, барателот на пријавениот му предал патна исправа и комплет документи, како и 450 евра со надеж дека за брзо време ќе ја добие ветената виза за Швајцарија. Веднаш по средбата пријавениот го избришал фејсбук профилот и го исклучил мобилниот телефонски број. По преземени оперативни мерки, утврден е идентитетот на сторителот и извршен е претрес во неговиот дом.
OhridNews











