Босанската федерација го промовираше Мехмед Баждаревиќ за нов селектор на фудбалската репрезентација.
Сагата околу новиот селекторот на „змајевите“ траеше месец дена откако столчето го напушти Сафет Сушиќ, кој ја предводеше репрезентацијата на Мундијалот во Бразил.
Многу имиња со споменуваа за селекторската позиција, но федерација на Босна и Херцеговина одлучи за домашен стратег, кој одново ќе ја сплоти селекцијата.
Баждаревиќ ќе нема лесна работа на селекторската позиција бидејќи „змајевите“ со две реми и два порази лошо котираат на табелата во квалификациите за Европското првенство во Франција за две години.
Мх.П.