Вчера напладне дел од охриѓани се пожалиле дека во резервоарите од возилата им е ставено неквалитетно гориво на една од бензиските пумпи на реномирана компанија во Охрид.

Како што информира началникот на Одделението при Државниот пазарен инспекторат во Охрид, Ѓорги Бошалески, надлежните се излезени на терен, а се уште не може да се констатира дали навистина се работи за неквалитетно гориво, како што претходно објавија дел од медимите.

Нашите сограѓани се пожалија до Секторот за внатрешни работи Охрид, кои се обратија до нас. Нашите инспектори излегоа веднаш на терен, а земени се примероци од возилата на луѓето кои се пожалија. Во моментов немаме никакви преземања поради тоа што не може веднаш да се констатира дали се работи за неквалитетно гориво.“ – вели Ѓорги Бошалески, началник на Одделението при Државниот пазарен инспекторат во Охрид.

Тој потенцира дека се работи за компанија со огромно реноме, a откако ќе се добијат резултатите од анализите, тие ќе бидат званично објавени.

О.Т.