Обвинителката Лидија Раичевиќ – Вучкова, во случајот „Ровер“, во којшто му се суди на Љубе Бошкоски, се повлекува од овој случај откако поранешниот министер за внатрешни работи излезе со тврдење дека поседува докази дека овој случај е наместен, јавува „Макфакс“.

Обвинителка ќе побара мислење од Јавното обвинителство коешто ќе треба да одлучи кој е надлежен за овој случај, државното обвинителство или Специјалното јавно обвинителство.

Бошкоски на денешното судење изјави дека поседува материјал аудио-снимка и транскрипт снимени на УСБ од коишто наводно се гледа дека процесот е „полициско-политичка монтажа“.

Материјалите ги даде на еден од своите адвокати за да ги достави до Специјалното обвинителство.

Судењето се одложи за во јануари. Бошкоски е осуден на десет години и шест месеци години затвор за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, во 2001 година, во времето кога ја извршување министерската должност во МВР.

OhridNews