Искусниот кошаркар во селекцијата на Босна и Херцеговина, Мирза Телетовиќ и најмладиот Џанан Муса имаа блиска средба во текот на мечот со Русија во квалификациите за Евробаскетот.
Телетовиќ го нападна својот помлад колега кој не издржа и почна да плаче, а публиката која застана на страната од Муса со сочни пцовки го „награди“ искусниот кошаркар.
Босанците го загубија мечот со русите и пласманот на Евробаскетот го доведоа во невозможна мисија.
Селекторот успеа да ги смири страстите, но се уште никој од федерацијата нема став околу немилите сцени кои се случија пред крајот на натпреварот.
OhridNews