– Поминаа неколку дена од посетата на медијаторот Метју Нимиц, а македонската јавност се уште нема ни најосновни и најелементарни информации и детали од посетата. Затоа ЛДП го повторува својот повик до премиерот Груевски и претседателот Иванов и бара итно да биде свикана лидерска средба. Македонската јавност не смее да биде третирана инфантилно, а прашањето за разликата со името не е приватна работа ниту на Груевски ниту на Иванов, ниту пак на ВМРО ДПМНЕ. Имајќи предвид дека ова прашање стои помеѓу Р. Македонија и реализирањето на нејзините стратешки определби – влезот во ЕУ и НАТО, македонските граѓани мора да бидат информирани која е стратегијата на државниот врв, дали има стратегија на државниот врв, што ќе се случува до 30-јуни и кој ќе ја понесе одговорноста, ако Македонија се соочи со уште еден бродолом во јуни. Веќе сме на половина од шпанското претседателство, а не го гледаме ни интересот, ни конкретната работа, а што е најтрагично ни грижата за европската перспектива на Македонија.-рече Боцески.
Боцески: Потребна е итна лидерска средба
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com