„Boxing day“, или денот после Божик беше таличен за водечките екипи кои запишаа нови три бодови на премиерлигашката табела.
Лесни и убедливи победи забележаа екипите од Манчестер, Јунајтед и Сити совладувајќи ги Сандерленд (3-1) односно Хул (3-0).
Победничката низа на 12 мечеви ја продолжи лидерот Челси кој со 3-0 беше подобар од тимот на Бурнмаут на домашен терен.
Најтешко до победата стигна составот на Арсенал. „Топчиите“ во 87-та минута најдоа начин за бедемот на ВБА и славеа минимален триумф (1-0).
Резултати: Ватфорд – Кристал Палас 1-1, Арсенал – ВБА 1-0, Барнли – Мидлзброу 1-0, Челси – Бурнмаут 3-0, Лестер – Евертон 0-2, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 3-1, Свонси – Вест Хем 1-4, Хул – Манчестер Сити 0-3.
OhridNews