Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди Исус Христос.

Охрид е во завршни подготовки за свечениот дочек на Христовото Раѓање, а поставувањето на Божиќната пештера му дава посебна празнична светлина и радост на градот. Овој свет симбол на Рождеството носи топлина, вера и благослов, исполнувајќи ги срцата со љубов и надеж во пресрет на најсветлиот христијански празник, велат од Бадникови поворки Охрид.

Во меѓувреме се одвиваат подготовките за „Бадниковите поворки“ 2026 година. За оваа сабота најавена е првата креативно – уметничка работилница за изработка на Бадникови ѕвездички која ќе се одржи во 12:00 часот во салата на ООУ „Христо Узунов” Охрид.

Во недела, пак, со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница за дечињата од Велгошти во манастирот Св. Петка.

OhridNews