По повод православниот празник Божиќ, Петар Маркоски квартет утре, 7-ми јануари, ќе одржи пладневен концерт во „Kadmo lounge bar“.
Концертот почнува во 12 часот, а влезот чини 200 денари. За оваа сума посетителите добиваат кафе или чај, Божиќен колач и сок или чаша вино. Останатите средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Карти за забавно – хуманитарниот настан ќе се купуваат на влез.
Петар Маркоски квартет пред Нова година одржа незаборавен концерт во центарот за култура, кој ветува одлична божиќна забава во Lounge bar Kadmo, кој пак неодамна беше реновиран и проширен.
OhridNews













