
– Христовото раѓање е симбол на почетокот на славењето на љубовта кон Бога. Величествен ден кога се здогледа големиот сјај, симболизирајќи ги вредностите на мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство на нашите срца. Светлината на Христовото раѓање нека ни биде водилка низ животот во градењето на вистинските христијански вредности, почитувањето и солидарноста. Искрено, од мое име и од името на Локалната самоуправа, Ви посакувам, Божиќ да го прославите во духот на мирот и помирувањето, на љубовта и добрината, на разбирањето и взаемното почитување. Во името на богољубието да го следиме патот на светлината дарен од Бога. Со поздравот Христос се роди – Навистина се роди, да го чествуваме овој голем празник, полни со желби и верба за подобро утре. – се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Јован Стојаноски до граѓаните од православна вероисповед.
OhridNews











