Христијани и до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
истакнува дека празнувајќи го овој голем празник во кругот на
семејствата и ширум храмовите на Македонска православна црква, не треба
да се заборави да посведочиме за безмерната божја љубов и милосрдие и
инспирирани од Исусовото раѓање да го славиме и да му се радуваме на
животот.
– Во духот на пораката на овој празник на светлината,
дозволете уште еднаш најискрено да посакам во срцата на сите православни
верници да се всели мирот и спокојството, почитта и разбирањето и да
продолжиме да даруваме безусловна љубов кон ближните, секогаш подготвени
безрезервно да им ја понудиме нашата помош и поддршка. Нека е честит
празникот и за многу години. Христос се роди!“, се вели во честитката на
претседателот Иванов по повод Божик.
Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески , испраќаат честитка по повод прославата на највеселиот Христијански празник- Рождество Христово Божиќ.
-Со радост во срцата, вознес и богопоклонение да го прославиме големиот христијански празник Рождеството Христово Божиќ. Деновите на славењето нека бидат исполнети со љубов кон ближните , благоста, човекољубието и милосрдноста, кон правдата и вистината и нека ни бидат топли нашите души, се наведува во честитката упатена до граѓаните.
Божикните празници на охриѓани им ги честита и независниот советник во Советот на општина Охрид , Кујтим Усеини .
-На сите граѓани од православна вероисповед им ги честитам Божикните празници и им посакувам добро здравје , љубов , среќа и семејна хармонија. Големите празници кај сите нас нека бидат мост за градење соживот , мир и меѓусебна толеранција – стои во честитката на советникот Кујтим Усеини.