Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре
04.01.25 14:47
Божикните празнувања во Бигорскиот манастир, почнуваат од утре наутро со Божествена Литургија во спомен на Светиот отец Наум Охридски во 7:30 часот. Во 16 часот ќе биде отслужена и Вечерна богослужба, информираат од Бигорскиот манастир.
Во понеделник, на 6 јануари, во 06:30 часот ќе биде ослужена Утрена богослужба, во 07:30 часот Царски Часови за Рождество Христово, Изобразителните, во 09:30 часот Голема Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија, од 18:00 до 19:30 часот Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди и во 21:00 часот Сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово (Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Златоустова Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј).
На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата Свештена Обител, заедно со монашкото братство се вели во соопштението на Бигорскиот манастир.
Поради интервенција на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улицата „Гоце Делчев“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид Денес од 10:00 до 12:00 часот без вода ќе бидат корисници...
Младински Центар Охрид организира Конференцијата посветена на младинското и женското претприемништво, која ќе се одржи утре, 11 ноември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Младински Цента...
Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од Супер лигата во среда, 12 ноември, ја пречекуваат екипата на Алкалоид Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.