Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре
04.01.25 14:47
Божикните празнувања во Бигорскиот манастир, почнуваат од утре наутро со Божествена Литургија во спомен на Светиот отец Наум Охридски во 7:30 часот. Во 16 часот ќе биде отслужена и Вечерна богослужба, информираат од Бигорскиот манастир.
Во понеделник, на 6 јануари, во 06:30 часот ќе биде ослужена Утрена богослужба, во 07:30 часот Царски Часови за Рождество Христово, Изобразителните, во 09:30 часот Голема Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија, од 18:00 до 19:30 часот Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди и во 21:00 часот Сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово (Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Златоустова Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј).
На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата Свештена Обител, заедно со монашкото братство се вели во соопштението на Бигорскиот манастир.
На симболичен начин вчеравечер беше означен стартот на 10-то јубилејно издание на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со пози...
Ако актерот живее во излог тешко нему, ако не расчистил со своето его, ако не расчистил со себе, она што се претставува како „јас“ Тоа е можеби фино да се испегла на сцена и преку долги процеси год...
Охриѓани и туристите и годинава ќе можат да уживаат во квалитетното вино, закуските и одличниот избор на музичките перформанси Од 25-ти до 27-ми јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред х...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.