Комисијата за верификација на фактите го прогласи за соработник на тајните служби македонскиот писател, Божин Павловски.

Од Комисијата најавија соопштение, а против лустрацијата е членот на Комисијата, Чедомир Дамјановски кој вели Павловски бил лустриран без нови документи и докази, откако пред една година беа отворени документите за академиците.

Павловски пред два дена се откажа од членувањето во Македонската академија на науките и уметностите и од Друштвото на писателите на Македонија, поради како што напиша во отвореното писмо, прочистувањето на научниците, уметниците и публицистите.

OhridNews
Makfaks