Од општинската ВМРО ДПМНЕ со обвинувања до надлежните дека не преземаат соодветни мерки за палењата на трската на крајбрежјето на Охридското езеро.

  • Запален појасот трска кај Подмоље, опожарена трската и во населба Воска. Палењето трска на брегот на Охридското Езеро не запира, нема казни, нема крај на ова дивеење. Дали за Георгиески тоа не е уништување добро под привремена заштита, односно природна реткост? Институциите и Георгиески молчат. Дали со молчењето практично го одбруваат палењето? Која е задачата на надлежните, ако не јавната бебедност?, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Според него, палењето трска јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро.

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската на езерското крајбрежје. Надлежните веднаш да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската.

OhridNews