Правиот пат на СДСМ и Зоран Заев не значи и отворен пат за новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ кое никако да профункционира со полн капацитет, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
- Својата неспособност ја докажаа со тоа што уште неотворено замислете го блокираа. Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра. Пресудата е добиена по доставената тужба за парите со кои бил покриван претходниот долг од страна на општина Струга за двете општини. Со самиот делбен биланс овој долг го презема новото претпријатие. Власта треба да одговори зошто наместо нормално функционирање поприоритетно е вработувањето и доделувањето на бруто плати по партиски клуч?, праша Божиновски.
Тој додаде дека иако претпријатието се формира, сè уште ги нема преземено полните надлежности. Ингеренциите за заштита на животната средина и за одведување на отпадни води, рече Божиновски, остануваат и понатаму под ингеренција на општина Охрид.
OhridNews












