По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните се’ уште чекаат на таа мерка, изјави на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
- Зошто градоначалникот Георгиески не обезбедува остварување на социјална заштита нa охриѓани со мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици? Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани. Наместо 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани, рече Божиновски.
Тој додаде дека на крајот на февруари завршил повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2019 година.
- Со СДСМ и Георгиески нема напред, нема никакво покривање на трошоците за потрошена вода за пиење, за спроведување на отпад, за одведување на отпадни и атмосферски води како и за плаќање на гробна такса, рече Божиновски.
OhridNews












