Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид Перчо Божиновски.

До каде е изградбата на нова градинка на просторот кај постоечкиот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Централна градинка? Ниту се зголеми капацитетот на градинката, ниту се реши проблемот со преголемиот број деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Георгиески и директорката да одговорат до каде е реконструкцијата на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица“? Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката. Кога директорката планира да го реши проблемот со недостиг на стручен кадар? Кажете барем едно реконструирано детско игралиште во дворовите на сите објекти од градинката или пак на постоечките детски игралишта во населбите? – праша Божиновски.

Доколку СДСМ и Георгиески навистина се грижеа за децата немаше да скратат 16.300.000 денари за капитални инвестиции и да остават средства само за санација, која впрочем ја нема, наместо надградба на објектот  на Централна градонка додаде Божиновски.

OhridNews