Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески крајно лицемерно и без никаков срам пред еден месец божем го отворија затворениот зелен пазар. СДСМ како за сѐ досега така и сега вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари 2020 година, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима. Дали раководството на ЈП „Градски Пазар“ работи на подобрување на современите потреби на денешното живеење како што ветуваше?, праша Божиновски.

Божиновски обвини дека власта на СДСМ ги оставила пазарџиите својата дејност да ја реализираат во неадекватни услови за работа, како и дека јавниот паркинг и техничките одделенија сместени во зградата не работат.

OhridNews