Заштитата на животната средина не е приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • СДСМ и Георгиески се откажаа од УНЕСКО и нема ништо од современи еколошки стандарди. Што се случи со Регистарот за нелегални градби кој требаше да се достави до Владата најдоцна до 1 септември? Дали градоначлникот додека брои секунди всушност чека заедно со премиерот Заев да пребројат колку фактури имаат за исплаќање откако во предизборието јавно ветија дека нема да им ги рушат дивоградбите, па ќе почне да руши селективно? До каде е заштитата на езерото и пренасочување на реката Сатеска во старото корито?, рече Божиновски.

Божиновски упати барање и за презентирање на Студијата за валоризација на Студенчишкото Блато и подготовка на нов Локален еколошки акционен план на општина Охрид. Притоа обвини дека наместо нови дрвореди и парк-катчиња секојдневно се врши уништување на природата со сечење дрва.

OhridNews