Од општинската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за легализација на седум бесправно изградени објекти во кампот Градиште, во непосредна близина на езерото, за кои државата и нејзините институции, како што велат, експресно ги издале сите потребни согласности.
Замислете тие и незаконски веќе се вметнати во катастар на Република Македонија како „зпз земјиште под зграда”. Го повикуваме в.д градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката од дневен ред за легализација на дивоградбите на утрешната седница на Советот и веднаш да се донесе одлука за мораториум во согласност со препораките од УНЕСКО. Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и владата? Како е подготвена Владата да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6000 денари по м2, а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште? Кој ќе биде сопственик на овие бесправно изградени објекти?, праша на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
Тој праша и зошто молчат ЈУНП Галичица и Хидробиолошкиот институт со оглед на тоа дека станува збор за локалитет кој е во Зоната за одржливо користење.
OhridNews












