Од општинската ВМРО ДПМНЕ со овинувања до актуелната власт за политички прогон на нивни членови и поранешни раководители.
– Додека во градот криминалот цути, полицијата е партиски инструмент којашто се занимавава со комични работи. Тужби кои ни студент од прва година не би ги напишал за бесплатни амортизирани телефони од 1 денар. СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции, а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните директори, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Бижиновски.
Според ВМРО ДПМНЕ СВР станал синоним за корупција, наместо симбол за борба против истата.
– Дали тоа што некој е директор и кадар поставен од СДСМ го амнестира од одговорност, а другите треба да се влечат по судови? Против колку директори од актуелната локална власт не е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба? Зошто не се објавува дека се води постапка од ОЈО за поранешната директорка на ЈП „Градски гробишта“?, праша Божиновски.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите оние кои учествувале во овие политички нарачки по промената на Власта ќе одговараат. Според нив, институциите покажуваат недостаток на капацитет и способност да ги расветлат настаните поврзани со кадрите на СДСМ, а тоа покажува исклучителна неспособност и пристрасност во расчистувањето на случаите. Додаваат дека истовремено, на секој чекор никнуваат дивоградби, се узурпира земјиштето, во градот се случува урбанистички хаос, а на повидок е нов панаѓур за време на летната сезона.
OhridNews












