Од општинската ВМРО ДПМНЕ со обвинувања до директорката на НУ ,,Охридско лето” за манипулирaње на охридската и македонската јавност. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ тврдат дека по нивната реакција, „спорните“ вработувања биле одјавени.

  • Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата зошто тогаш истите без дополнителна согласност од 2019 година се пренесени во 2020 година? Како е извршено пријавувањето во Агенцијата за вработување на Република Македонија?Дали на 23 јануари е заснован однос на тројца административни службеници? Дали согласноста од Министерство за финансии оди со датум од 21.11.2019 година за 5 лица? Имено фактите зборуваат дека станува збор за оглас бр. 366/19 од 2.12.2019, барање од 23.1.2020 година и стапување во работа на тројца административни службеници, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Божиновски додаде дека јавноста треба да знае дека се направени сериозни прекршоци на законите со тоа што е извршена злоупотреба на службена положба како и пријавување на лица без потребната комплетна документација.

OhridNews