Шуга во 2019 година. Родителите и децата вознемирени откако се јави опасност од оваа зараза. Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното. Во средното училиште „Св. Наум Охридски“ за краток период нов немил настан. Зошто раководството на училиштето не ја информирало Локалната самоуправа за проблемот?, праша на прес конференција потпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Што презел директорот на училиштето? Дали се направени систематски прегледи кај другите ученици за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето? Со СДСМ на власт родителите не можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Дали е ова нормално? Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето. Дали и во другите училишта има ист проблем кој се прикрива од надлежните?, рече Божиновски.

Тој побара МОН и Центарот за јавно здравје веднаш да преземат мерки и да ја испитаат ситуацијата во училиштата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ претходно предупредувало околу дезинфекција, дератизација и дезинсекција, преку кои би биле создадени оптималните услови за почеток на новата учебна година како и за целосна заштита на учениците.

OhridNews