Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности, обвина на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата? Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес? Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите, рече Божиновски.

Тој додаде дека Државната изборна комисија не смее да го толерира однесување на Георгиески и мора да го санкционира, а претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси.