Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

Зошто Георгиески молчи откако заврши рокот на УНЕСКО за спроведување на активностите? Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО. Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум? Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково? Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности се спроведени на терен?, праша портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Додаде дека јавноста бара одговор за резултатите од спроведувањето на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион.

OhridNews