На денешната прес конференција, портпаролот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, обвини дека за неправилно менаџирање со човечките ресурси во НУЦК „Григор Прличев“. Притоа, Божиновски, рече дека во центарот се врши дискредитирање на работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените.
- Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата? Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени. Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи?, праша Божиноски.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата, обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата, заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време и процес во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
OhridNews