Оперативниот блок од хирушките одделенија во охридската болница веќе еден месец не работи, затоа што не функционираат апаратите за анестезија. Не може да се изведат операции, а пациентите се препраќат во други болници или операциите се одложуваат, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
– Колку операции се извршени во новата година и зошто се доцни со сервисирањето на апаратите во операционите сали? Наместо Зоран Заев да одржува трибини и ги лаже охриѓани, заедно со в.д градоначалникот Константин Герогиески треба да одат директно во операционите сали, а не во салата на киното, за да видат како се оставени граѓаните на милост и немилост на времето, а здравствените работници во тешка позиција без основни услови за работа. Дали за Георгиески како медицинско лице е дозволив ваков нарушен здравствен систем и ова ли се тие европски вредности?, рече на денешната прес конференција Божиновски.
Тој додаде дека претходно една година биле расипани и компјутерскиот томограф во болницата, како и ангиографот во Кардиолошкиот Завод.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат што побрзо да се стават во функција апаратите за анестезија.
OhridNews












