Иако сме месец март вработените во Националната установа „Охридско лето“ сѐ уште не зеле плата за месец јануари. Директорката Наташа Поповиќ да објасни зошто вработените во НУ „Охридско лето“ се доведени во таква ситуација?, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Дали неисплатената плата е поради новите предизборни вработувања токму во јануари оваа година? Зошто Директорката незаконски објавува оглас и покрај негативното мислење дадено за установата за годишниот план за вработувања за 2019 година? Дали Директорката има обезбедено согласност од Министерството за финансии за 2020 година? Дали директорката свесно го прекршила законот и е сторено кривично дело со што го оштетила буџетот, а за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе соодветните мерки до надлежните органи, рече Божиновски.

Како што додаде Божиновски, раководството на установата очигледно не размислило дека новите вработувања ќе значат дополнителни оптеретувања на буџетот, па затоа сега има проблеми во исплаќањето на платите.

  • Новите вработувања не се никаква нужност и потреба, туку единствено алатка за поткуп на гласачи за предвремените парламентарни избори, обвини портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews