Брачен пар и нивниот тригодишен син загинаа во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Белград-Ниш, кај Бегалничко брдо, ја пренесува Макфакс информацијата која ја објави Б92.

Според информациите, автомобилот „БМВ“ со словенечки таблички во кое се превезувало македонското семејство удрил во камион со лесковачки регистарски ознаки.

Во несреќата е повредена и 12-годишната ќерка на брачниот пар, како и возачот и совозачот на камионот.

„По несреќата, во која загинаа две лица на лице место, во Ургентниот центар се донесени две деца, машко дете на три и девојче на 12 години, како и двајца мажи. Машкото дете почина, а тешко повредено девојче е во животна опасност“, изјави Драго Јовановиќ, портпарол на белградскиот Ургентен Центар.

Според информациите на полицијата, несреќата ја предизвикал возачот на автомобилот, кој го попречил движењето на камионот. По извршениот увид, сообраќајот е нормализиран.

Семејството патувало од Македонија за Словенија каде што живеело.

OhridNews
извор: Макфакс