Екипата на Брадфорд ја продолжи чистката на премиерлигаши од ФА купот. Во 1/8 финалето со 2-0 пред своите гледачи го совладаа тимот на Сандерленд.


Претходно фудбалерите на Брадфорд на Стемфорд Бриџ со 4-2 го совладаа Челси и приредија вистинска сензација.


Сигурен во осминафиналната фаза беше Арсенал, кој со 2-0 го елиминираше некогашниот член на Премиер лигата, Мидлзброу.

Резултати : Астон Вила – Лестер 2-1, Брадфорд – Сандерленд 2-0, Арсенал – Мидлзброу 2-0.

Мх.П.